Ahmet Dursun
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 11 лица загинаа во пожар кој избувна во едно кафуле во иранскиот град Ахваз, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека се хоспитализирани 13 лица. Пожарот изби во раните утрински часови, а пожарникарите спасија шест лица.
Помошникот на началникот на полицијата Али Касимпур потврди дека едно лице е повредено за кое се сомнева дека е поврзано со избувнување на пожарот. Според неговите зборови, се истражува можноста дека пожарот е подметнат.