Adam Moro
02 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
КАИРО (АА) - Египетскиот претседател Абдел Фетах ал-Сиси победи на претседателските избори, освојувајќи 97 отсто од гласовите на граѓаните, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборната комисија соопшти дека Ал Сиси победил со 97,8 отсто освоени гласови на бирачите.
Муса Мустафа Муса, вториот кандидат на изборите, освои 2,92 отсто, односно 656.000 гласови.
Лашин Ибрахим, претседателот на Изборната комисија, изјави за новинарите дека Ал Сиси и претходниот мандат го освоил со истиот процент на поддршка.
Одзивот на гласачите на претседателските избори изнесуваше 41 отсто, или околу 25,7 милиони гласачи во земјата и во странство.
Околу 1,76 милиони гласачки ливчиња, односно 7,25 проценти, беа неважечки.
Ал Сиси, поранешен командант на египетската војска, на изборите имаше речиси сигурна победа, бидејќи сите сериозни опозициски кандидати се повлекоа од изборната трка.
Египетскиот претседател дојде на власт во 2013 година со воен удар, и ова е негова втора победа на изборите, со која обезбеди уште четири години владеење.