свет

Иран во Либан испраќа мобилна болница и девет тони медицински материјали

- „На состанокот со либaнскиот министер за надворешни работи Вехбе, ја нагласивме силната и одлучна солидарност на Иран со либанскиот народ“, изјави Зариф

Bilal Güler, Ahmet Dursun  | 05.08.2020 - Обновена : 05.08.2020
Иран во Либан испраќа мобилна болница и девет тони медицински материјали

АНКАРА

Министерот за надворешни работи на Иран, Мухамед Џавад Зариф најави дека ќе формира мобилна болница во Бејрут за лекување на повредените во експлозијата во главниот град на Либан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Зариф на социјалната мрежа Твитер наведе дека телефонски разговарал со либанскиот колега Şerbel Vehbe.

Како тој изјави, подготвени се за секој вид на итна помош на Либан.

„На состанокот со либaнскиот министер за надворешни работи Вехбе, ја нагласивме силната и одлучна солидарност на Иран со либанскиот народ“, изјави Зариф.

Тој изјави дека ќе испратат помош во медицинска опрема и ќе направат мобилна болница во Бејрут.

Од иранската Црвена полумесечина е наведено дека 22 здравствени работници, вклучувајќи лекари и специјалисти за мобилните болници, испратени во Либан.

Наведено е и дека девет тони храна и медицински материјали со авион ќе бидат пренесени во Либан.

Експлозијата се случи вчера во пристаништето на Бејрут. Како известија медиумите во едно од складиштата најпрво избил пожар, а потоа следувала експлозијата која се слушна и во предградијата. На социјалните мрежи се објавени видео-снимки на кои може да се види дека се работи за силна експлозија.

Според најновите податоци кои ги објави Црвениот крст на Либан во експлозијата загинаа најмалку 100, а повредени се 4.000 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.