свет

Интензивен дипломатски сообраќај на претседателот Ердоган на Мировниот самит во Египет

- Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој престојува во Египет каде учествува на Мировниот самит во Шарм ел Шеик, се сретна со голем број светски политичари

Oktaj Omeragikj  | 13.10.2025 - Обновена : 13.10.2025
Интензивен дипломатски сообраќај на претседателот Ердоган на Мировниот самит во Египет

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, престојува во Египет каде учествува на Мировниот самит во Шарм ел Шеик, известува Анадолу.

По пристигнвуањето во Египет, претседателот Ердоган се сретна со повеќе светски политичари.

- Претседателот Ердоган се сретна со потпретседателот и вицепремиерот на ОАЕ, Мансур бин Зајед Ал Нахјан

Претседателот Ердоган во рамките на Самитот се сретна со Мансур бин Зајед Ал Нахјан, потпретседател и вицепремиер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Според соопштението објавено од Претседателската дирекција за комуникации на Турција, на средбата биле разгледани билатералните односи меѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати, како и регионалните и глобалните прашања.

Претседателот Ердоган рекол дека развојот на политичките односи меѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати придонесува за соработка во трговијата и инвестициите и истакнал дела се стремат кон напредок и во други области, особено во одбранбената индустрија.

Ердоган истакнал дека Турција работи на ставање крај на геноцидот во Газа и дека се отворил прозорец на можности за траен мир и дека тоа треба да се искористи.


- Претседателот Ердоган се сретна со британскиот премиер Стармер

Претседателот Ердоган во Шарм ел Шеик се сретна со британскиот премиер Кир Стармер.

Состанокот, одржан во Меѓународниот саемски центар, каде што ќе се одржи и самитот, беше затворен за медиумите.

Според соопштението објавено од Претседателската дирекција за комуникации на Турција, разгледани биле билатералните односи меѓу Турција и Велика Британија, како и регионалните и глобалните прашања.

Претседателот Ердоган истакнал дека работат на развивање на соработката меѓу Турција и Велика Британија во сите области, особено во одбранбената индустрија.

Ердоган посочил дека Турција вложува интензивни напори за прекин на нападите во Газа и постигнување прекин на огнот. Ердоган рекол дека ќе продолжат да се интензивираат напорите за воспоставување на траен прекин на огнот и отворање на патот кон мир.

Претседателот Ердоган нагласил дека хуманитарната помош мора непречено да стигне до Газа и дека обновата на земјата мора веднаш да започне. Тој нагласил дека траен мир може да се постигне само преку решение за две држави и дека напорите на меѓународната заедница во оваа насока се клучни.


- Претседателот Ердоган се сретна со францускиот претседател Макрон

Претседателот Ердоган се сретна и со францускиот претседател Емануел Макрон во Египет, каде што учествуваат на мировниот самит во Шарм ел Шеик.

Средбата, одржана во Меѓународниот саемски центар беше затворена за медиумите.

За време на средбата, претседателот Ердоган изјавил дека се решени да ја развијат соработката меѓу Турција и Франција на секое поле.

- Претседателот Ердоган се сретна со италијанската премиерка Мелони

Претседателот Ердоган во Шарм ел Шеик се сретна со италијанската премиерка Џорџија Мелони.

Средбата во Меѓународниот саемски центар беше затворена за печатот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.