Ekip
06 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
ЏАКАРТА (АА) - Владата на Индонезија денеска соопшти дека го истражува Фејсбук поради повреда на приватноста на корисниците на најпопуларната социјална мрежа од оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за комуникации и информатичка технологија на Индонезија во соопштението наведува дека побарале од шефот на Националната полиција истрага за можни прекршувања на законите за приватност, еден ден откако Фејсбук откри дека личните податоци на повеќе од еден милион Индонезијци ги користела компанијата „Cambridge Analytica".
Тие, исто така соопштија дека претставниците на Фејсбук во Индонезија може да се соочат со 12 години затвор и парична казна од 871.000 американски долари.
Министерот за комуникации за новинарите изјави дека на состанокот побарал од Фејсбук да ги откаже апликациите што им овозможуваат на третите лица пристап до лични кориснички информации.
Индонезија има повеќе од 115 милиони активни корисници и претставува четврта на листата земја со најголем број корисници на Фејсбук. Речиси 97 проценти од корисниците пристапуваат на социјалната мрежа преку мобилни уреди.