Ekipa
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
ЏАКАРТА (АА) - Питон, долг 7 метри, проголта жена во централна Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Жртвата, 54-годишната Ва Тиба, исчезнала во четвртокот вечерта додека работела во градината во близина на своето село на островот Муна во југоисточната провинција Сулавеси, потврди шефот на селото Фарис.
Во петокот, нејзиното семејство ја побарало во градината, но ги пронашло само нејзините работи, вклучувајќи ги сандалите и батериската ламба.
Фарис изјави дека семејството и селаните почнале да ја бараат жената и дека пронашле змија со надуен стомак, на оддалеченост од 50 метри од местото каде што ѝ ги пронашле работите.
Тој потврди дека селаните ја убиле змијата, а кога ѝ го распарале стомакот, пронашле тело на жена во облека.