Mahmut Atanur
20 Јануари 2021•Ажурирај: 21 Јануари 2021
ЏАКАРТА (АА) - Во индонезиската покраина Северна Суматра се случи експлозија на вулканот Синабунг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Центарот за вулканологија и намалување на геолошките катастрофи, експлозијата на овој вулкан траела 3 минути и 21 секунда.
Центарот упати апел до жителите да не се приближуваат до вулканот повеќе од 3 километри, и да носат маски против пепелта.
Вулканот Синабунг по 400 години се активира во 2010 година, додека во експлозиите кои се случија во 2014 и 2016 година загинаа 23 лица.