Şeyma Uzundere
07 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Вулканот Синабунг, кој се наоѓа во индонезискиот регион Северна Суматра, започна да исфрла облаци од чад и пепел кои достигнаа висина од околу 3 километри, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Забележано е дека вулканската активност на Синабунг е зголемена во последните денови, при што се забележани приближно 15 ерупции во текот на оваа недела.
Армен Путра, член на тимот за набљудување на вулканот, изјавувајќи дека ерупцијата не предизвикала човечки загуби, упати предупредување до локалното население да биде оддалечено најмалку 5 километри од вулканот и да биде подготвено за можно излевање на лава.
По речиси 400 години мирување, вулканот Синабунг повторно се активира во 2010 година. Во ерупциите на вулканот во 2014 и 2016 година 23 лица ги загубија животите.