Oktaj Omeragic
21 Мај 2025•Ажурирај: 22 Мај 2025
ЏАКАРТА (АА) - Девет лица ги загубија животите, а 11 се водат за исчезнати во свлечиштето што настана во округот Катубу во подрачјето на планините Арфак, во индонезиската покраина Западна Папуа, известува Анадолу.
Индонезиската Национална агенција за пребарување и спасување (Басарнас) објави дека вкупно 24 лица биле погодени од свлечиштето, при што четири лица се спасени.
Тимовите за пребарување и спасување продолжуваат со работа на терен за пронаоѓање на исчезнатите лица.