Zehra Ulucak
20 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
СЕМБАЛУН (AA) – Најмалку 12 лица загинаа во земјотресите што вчера го погодија островот Ломбок во Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Сутопо Нугрохо, гласноговорникот на индонезиската Национална агенција за управување со ризици од природни катастрофи (BNPB), изјави дека во земјотресот со јачина од 6,3 степени што во неделата наутро го погоди Ломбок загинаа две лица, а во земјотресот со јачина од 6,9 степени што следуваше подоцна загинаа десет лица.
Нугрохо додаде дека некои лица смртно настрадале откако се заглавиле под урнатините или од последици на срцев удар.
Истакна дека е причинета штета на 1.800 објекти. Дошло и до прекин во напојувањето со електрична енергија.
Во земјотресот со јачина од седум степени што го погоди Ломбок пред две недели загинаа повеќе од 460 луѓе.