Mahmut Atanur
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку 200 затвореници избегаа од затворот на островото Суматра во Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека затворениците ја искористиле можноста и избегале додека биле отворени вратите од затворските ќелии поради петочната молитва.
Затворениците претходно се жалеле на однесувањето на чуварите од затворот, велејќи дека биле премногу насилни.
Се претпоставува дека поради лошите затворски услови, затворениците избегале за време на петочната молитва.
Од полицијата соопштуват дека од 200 избегани затвореници, фатени се 77 и вратени назад во затвор.
Заменикот началник на полицијата, Ерми Видјанто изјави дека чуварите по настанатиот метеж во воздух испукале неколку истрели на предупредување.
Тој додаде дека на пошироко подрачје околу затворот се преземени безбедносни мерки, истакнувајќи дека продолжува потрагата по преостанатите избегани затвореници.
Инаку, иако капацитетот на овој затвор изнесува 700 затвореници, во него се наоѓаат околу 1.800 затвореници.