Emre Gürkan Abay
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
МОСКВА (АА) - Вицепремиерот на Русија, Јуриј Борисов, истакна дека Индија го извршила прелиминарното плаќање за испораката на воздушно-одбранбениот систем „S-400“, и дека според календарот, првата испорака ќе се изврши за 18-19 месеци, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Борисов, во изјавата за руската државна телевизија „Русија 1“ (Rossiya 1) нагласи дека ќе се почитува календарот определен за испораката на „S-400“ за Индија, и дека планираат испораката да започне во најкраток можен рок.
„Извршено е прелиминарното плаќање за испораката. Според календарот, првата испорака ќе започне за 18-19 месеци“, рече тој.
Договорот за системот „S-400“, кој се состои од пет батерии, е во вредност од 5,43 милијарди долари, а беше потпишан во октомври 2018 година меѓу Русија и Индија.
Соединетите Американски Држави (САД) постојано го критикуваа овој договор, упатувајќи предупрадување дека доколку Индија не се повлекува од договорот за „S-400“ постигнат со Русија, можно е да се спроведат санкции.