Vesna Besic
22 Мај 2022•Ажурирај: 24 Мај 2022
СИЛХЕТ (АА) - Повеќе од 100 села во Силхет, во североисточниот пограничен регион на Бангладеш, поплавени се по поројните врнежи од дожд, известува Агенција Анадолија (АА).
Според проценката на локалната управа, повеќе од 10.000 куќи се потполно уништени, додека илјадници луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.
Локалната управа објави дека најмалку 10 луѓе ги загубиле животите оваа недела во регионот во поплавите.

Десетици илјади луѓе во погодените подрачја имаат проблем со недостатокот на храна и питка вода.
Владата на Бангладеш увери дека сите оштетени објекти ќе бидат изградени по подобрувањето на ситуацијата со поплавите.