Ekip
28 Март 2025•Ажурирај: 03 Април 2025
Десетици илјади Израелци вечерва одржаа протести на плоштадот „Хабима“ во Тел Авив, против Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу.
Демонстрантите повикаа на итно продолжување на договорот за размена на затвореници со Хамас и враќање на израелските заложници, и крај на војната во Газа.
Израелската војска ненадејно ја продолжи воздушната кампања врз Појасот Газа на 18 март, откога се убиени 855 Палестинци, а повредени се речиси 1.900, со што е прекршен договорот за прекин на огнот и размена на заробеници меѓу Израел и палестинската група Хамас што стапи на сила во јануари.
Над 50.200 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 113.900 се повредени во бруталната израелска воена офанзива врз Газа од октомври 2023 година.
Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.