Ekipa
08 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Илјадници вработени во јавниот сектор во Австралија денеска одржаа протест низ Нов Јужен Велс, најнаселената австралиска држава, барајќи подобри плати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тие бараат 5,4 отсто зголемување на нивните плати поради вртоглаво зголемените трошоци за живот во земјата“, објави „Скај њуз“ (Sky News).
Премиерот на земјата, Доминик Перотет, веќе најави зголемување од 0,5 отсто на годишната граница на платите во јавниот сектор, но работниците го отфрлија покачувањето, велејќи дека „не е доволно“.
Над 30.000 работници, меѓу кои и затворски чувари, припадници на судската полиција, помошниот персонал во училиштата и чуварите на паркови беа дел од протестот.
„Оваа понуда е чиста политика, движење за половина процент и играње глупави игри со еднократни бонуси за одредени работници“, истакна Стјуарт Литл, генералниот секретар на Здружението за јавни услуги.
Според весникот „Сиднеј морнинг хералд“ (Sydney Morning Herald), Австралија сведочи на најголемата енергетска криза во последните 50 години.
Минатата недела, австралискиот министер за климатски промени и енергетика, Крис Бовен, предупреди дека проблемот се влошува и дека ќе треба време за да се реши.