свет

Илјадници бегаат од суданската држава Северен Кордофан поради нападите на паравоените сили РСФ

– Повеќе од 4.500 лица побегнале од суданската држава Северен Кордофан поради продолжените напади и кршење на правата од страна на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), соопшти денес суданска медицинска организација

Mohammad Sıo  | 31.10.2025 - Обновена : 01.11.2025
Илјадници бегаат од суданската држава Северен Кордофан поради нападите на паравоените сили РСФ

ИСТАНБУЛ (АА) – Повеќе од 4.500 лица побегнале од суданската држава Северен Кордофан поради продолжените напади и кршење на правата од страна на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), соопшти денес суданска медицинска организација, јавува Анадолу.

„Северен Кордофан е сведок на брзо масовно иселување од областа Бара кон градот Ел Обеид поради влошената безбедносна состојба и континуираните кршења на правата од страна на Силите за брза поддршка врз цивилите“, соопшти Мрежата на судански лекари на американската платформа за социјални медиуми Х.

„Извештаите од терен покажуваат дека бројот на раселените лица надминал 4.500, од кои околу 1.900 пристигнале во Ел Обеид, додека останатите сè уште се на пат под тешки услови и со сериозен недостиг на храна, вода и засолниште“, се додава во соопштението.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) вчера соопшти дека околу 1.100 лица побегнале од Бара поради влошената безбедносна ситуација, со што вкупниот број раселени цивили во последните четири дена достигнал 35.620.

Суданските власти претходно пријавија дека има жртви и повредени лица во нападот со дрон, извршен од РСФ во областа Зарејбат Шеик ел Бораи во Северен Кордофан.

Од 15 април 2023 година, суданската Армија и паравоените сили РСФ водат вооружен конфликт кој, и покрај бројните регионални и меѓународни посредници, сè уште не е ставен под контрола.

Според извештаите на Обединетите нации и локални извори, во судирите досега се убиени околу 20.000 лица, а над 15 милиони се раселени – како бегалци или внатрешно раселени лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın