Elena Teslova
09 Февруари 2024•Ажурирај: 10 Февруари 2024
БАКУ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, убедливо победи на предвремените претседателски избори оваа недела, освојувајќи 92,1 отсто од гласовите, јавува Анадолу.
Гласањето во средата беше историско бидејќи беше прво што се одржа на целата територија на Азербејџан, вклучително и регионот Карабах, кој беше ослободен по три децении ерменска окупација.
Ослободувањето на Карабах доведе до огромен скок на популарноста на Алиев во Азербејџан.
Централната изборна комисија на Азербејџан соопшти дека пребројувањето на гласачките ливчиња е завршено и дека, според прелиминарните резултати, Алиев освоил 92,1 отсто од гласовите.
На тој начин Алиев доби нов мандат на чело на државата, а претседател на Азербејџан е од 2003 година.
Изборите ги следеа околу 800 странски и 90.000 домашни набљудувачи од различни меѓународни организации и земји, како и домашни медиуми и околу 200 странски новинари.