Илон Маск: „Министерството за владина ефикасност на САД (DOGE) стана жртвено јагне за сè“
- Илон Маск, американскиот бизнисмен кој е сопственик на компаниите „Тесла“ и „Спејс икс“, изјави дека на Министерството за владина ефикасност на САД (DOGE) му е нанесена неправда и го нарече „жртвено јагне“

ЊУЈОРК (АА) - Илон Маск, американскиот бизнисмен кој е сопственик на компаниите „Тесла“ и „Спејс икс“, изјави дека на Министерството за владина ефикасност на САД (DOGE) му е нанесена неправда и го нарече „жртвено јагне“, известува Анадолу.
Маск во интервју емитувано на “Си-би-ес“ (CBS) рече: „Она што почна да се случува е малку неправедно, бидејќи DOGE стана жртвено јагне за сè“.
Маск во разговорот рече дека што и да прави Владата во врска со скратувањата, американскиот народ почнува да го обвинува DOGE за тоа и тврди дека тоа е неправедно.
Маск истакна и дека е целосно погрешно луѓето да мислат дека DOGE, кој е основан за да ја зголеми ефикасноста на Владата, ќе ги спречи да ги добијат нивните чекови за социјално осигурување.
- Го раскажа своето разочарување
Маск, кој изјави дека ќе се фокусира на вселенски активности откако ќе ја напушти позицијата во DOGE, зборуваше за своето разочарување во врска со буџетскиот предлог-закон што Трамп го претстави пред Претставничкиот дом на САД.
„Искрено, бев разочаран кога видов дека огромниот закон за трошење го зголемува буџетскиот дефицит, не го намалува, и ја поткопува работата што ја изврши тимот на DOGE“, рече Маск.
„Јас сум застапник за помала влада, а не за поголема влада“, рече Маск, споредувајќи ја растечката американска Влада со 'Одделот за моторни возила', кој е познат по својата гломазна структура, за кој критиките се рефлектираа и во филмските сценарија.
Зборувајќи дека не го одобрува „сè она што го направила администрацијата“ за време на неговиот мандат како советник на претседателот Доналд Трамп и дека имал некои „разлики во мислењата“ со претседателот на САД и неговиот тим, Маск истакна:
„Но, тешко ми е да го споменам ова во интервју бидејќи тогаш станува точка на спор. Малку сум заглавен, мислам, не сакам да зборувам против администрацијата. Но, во исто време, не сакам да преземам одговорност за сè што прави оваа администрација“.
Основачот на DOGE, Маск, објави дека ја напушта својата советничка позиција на прес-конференција одржана во Овалната соба на 30 мај.
Маск, кој е меѓу најбогатите бизнисмени во светот, потроши 288 милиони долари од својот личен капитал за Трамп да биде избран за втор мандат.
Трамп, исто така, често го покануваше Маск, кого го фалеше во секоја прилика, на состаноците во Овалната соба и во Кабинетот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.