Израелци демонстрираа во знак на поддршка на Газа на пристаништето Ашдод
- Група Израелци и странски активисти се собраа на пристаништето Ашдод во Израел, каде што се очекуваше да биде донесен бродот „Мадлин“, со палестински знамиња во рацете, барајќи да се запре „геноцидот“ и да се укине блокадата на Појасот Газа.

СКОПЈЕ (АА) - Бродот „Мадлин“ на Коалицијата „Флотила на слободата“, кој тргна да ја пробие блокадата на Газа и да им донесе хуманитарна помош на Палестинците кои се соочуваат со глад поради израелските напади и блокадата за влез на хуманитарната помош, беше нападнат од израелските морнарички командоси во Медитеранот, известува Анадолу.
Група Израелци и странски активисти се собраа на пристаништето Ашдод во Израел, каде што се очекуваше да биде донесен бродот „Мадлин“, со палестински знамиња во рацете, барајќи да се запре „геноцидот“ и да се укине блокадата на Појасот Газа.
Еден Израелец се обиде да ги спречи демонстрантите.
Континуираните напади на Израел и затворањето на граничните премини продолжуваат да го нарушуваат протокот на лекови и медицинска опрема во Појасот Газа, а пациентите на кои им е потребна итна медицинска помош се соочуваат со предизвици што претставуваат закана по нивниот живот.
Од 2 март Израел ги држи сите гранични премини затворени, прекинувајќи го влезот на храна, лекови, гориво и други основни резерви за 2,4 милиони жители на Газа.
Израел, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува катастрофална офанзива во Газа од октомври 2023 година, при што се убиени речиси 54.900 Палестинци, повеќето жени и деца.
Хуманитарните агенции предупредија за ризикот од глад кај повеќе од 2 милиона жители на енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.