Mohammad Sıo
21 Декември 2023•Ажурирај: 22 Декември 2023
РАМАЛА (АА) - Израелските сили денес на Западниот Брег приведоа уште 25 Палестинци, со што вкупниот број на приведени Палестинци од 7 октомври изнесува 4.655, јавува Анадолу.
Новите приведувања се извршени во градовите Наблус, Тулкарм, Рамала и Хеброн преку окупираниот Западен Брег, се вели во заедничката изјава на Комисијата за затвореници и прашања на поранешните затвореници и Палестинското здружение на затвореници.
Бројката на затвореници не ги вклучува приведените од израелските сили во Појасот Газа, се вели во соопштението.
„Приведувањата се проследени со малтретирање, тепање и закани кон затворениците и нивните семејства, заедно со акти на саботажа и уништување во домовите на Палестинците“, се додава во соопштението.
Тензиите низ Западниот Брег се зголемени поради израелската воена офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Оттогаш, според палестинските податоци, на окупираната територија се убиени најмалку 302 Палестинци, а повеќе од 3.100 се повредени.