Anees Suheil Barghouti
19 Декември 2018•Ажурирај: 20 Декември 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските сили приведоа 34 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на израелската Војска, во операциите извршени синоќа низ Западниот Брег и Источен Ерусалим, приведени се 34 Палестинци под изговор дека биле вмешани во терористички активности.
Израелската Војска често спроведува апсења низ Западниот Брег, со образложение дека трага по „барани“ Палестинци.
Според палестинските податоци, околу 6.000 Палестинци во моментот се наоѓаат во затворите во Израел, вклучувајќи шест парламентарни членови, 52 жени и 270 малолетници.