Mustafa Deveci
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за земјоделство, Ури Ариел, придружуван од група радикални Евреи, обезбеден од израелската полиција упадна во „Месџид-и Акса“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Исламската администрација во Ерусалим (Кудс) се вели дека Ариел со група екстремни Евреи рано изутрина влегол во „Месџид-и Акса“.
Во изјавата се истакнува дека Ариел и неговата придружба останале одреден период во дворот на „Месџид-и Акса“, потоа ја напуштиле областа.
Ариел, кој е министер од партијата Еврејски дом во коалициската Влада во Израел, минатата година многупати упадна во „Месџид-и Акса“, а последен пат, на 5 февруари влезе во „Харем-и-Шериф“.
Радикалните Евреи, одвреме-навреме во утринските часови и попладне во придружба на израелската полиција влегуваат во дворот на „Месџид-и Акса“. Оваа ситуација често предизвикува ескалација на тензиите во регионот, а исто така предизвикува и расправии меѓу Палестинците и израелската полиција.
„Месџид-и Акса“, која се наоѓа во окупираниот Западен Брег е првата Кибла на муслиманите.
Евреите, со тврдење дека во комплексот „Месџид-и Акса“ има урнатини од т.н. Храм на Соломон, прават ископувања. Евреите, исто така тврдат дека тие имаат право да се молат во „Месџид-и Акса“.