Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
13 Мај 2022•Ажурирај: 14 Мај 2022
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција денеска ги нападна присутните Палестинци на погребната поворка на убиената новинарка на „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех во окупираниот Источен Ерусалим, јавува Агенција Анадолија (АА).
Очевидци за АА изјавија дека израелската полиција ја нападнала погребната поворка кога тргнала од француската болница во населбата Шеик Џара.
Тие додадоа дека израелската полиција ги опколила присутните на погребот и употребила шок-бомби и палки за да ги нападне оние што го носеле ковчегот на Абу Аклех.
Израелската полиција дозволи неколку Палестинци да го придружуваат нејзиниот ковчег до Стариот Град во Ерусалим, каде што ќе биде погребана на протестантските гробишта на планината Сион.
Новинарката Ширин Абу Аклех ги покриваше нападите на израелската војска во близина на бегалскиот камп „Џенин“ на окупираниот Западен Брег кога беше застрелана во средата. Палестинските власти и мрежата со седиште во Доха велат дека таа била цел на израелските сили.