Израелската армија уби 18 Палестинци во најновите напади врз Газа
- Израел уби повеќе од 62.000 Палестинци во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата и ја доведе до раб на глад.

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 18 Палестинци се убиени, а десетици се повредени во новите израелски напади утринава врз Појасот Газа, кој е разорен од војната, објави палестинската официјална новинска агенција Вафа, јавува Анадолу.
Во Кан Јунис биле убиени двајца Палестинци, меѓу кои и едно девојче, кога израелските сили нападнале шатор во кој се засолниле раселени семејства во близина на Универзитетскиот колеџ.
Уште четворица Палестинци биле убиени, а неколкумина биле повредени по израелското бомбардирање на шатор за раселени лица во Ал-Маваси, западно од Кан Јунис.
Во Деир ал-Балах, централна Газа, болницата „Ал-Акса“ објави дека примила пет тела и повеќе повредени лица по напад врз шатор за раселени лица во областа Ал-Баса.
Уште пет лица биле убиени кога израелските сили ги нападнале цивилите во близина на локацијата Кисуфим, југоисточно од Деир ал-Балах, соопшти болницата подоцна.
Во Газа, во медицинскиот комплекс „Шифа“ биле донесени две тела и 53 повредени по израелското гранатирање на толпите што чекале помош во областа Зиким северозападно од Беит Лахија, во северниот дел на енклавата.
Израел уби повеќе од 62.000 Палестинци во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата и ја доведе до раб на глад.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.