Израелската Армија продолжува со уривање куќи и гранатирање во областите под нејзина контрола низ Газа
- Очевидци за Анадолу изјавија дека Армијата дигнала во воздух неколку станбени згради во населбата Шуџаја во градот Газа, северно од енклавата, која се наоѓа во рамките на жолтата зона контролирана од војската.
ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската Армија изврши уривање на куќи и артилериско гранатирање во областите под нејзина контрола во Појасот Газа, со што дополнително го прекрши договорот за прекин на огнот, јавува Анадолу.
Очевидци за Анадолу изјавија дека Армијата дигнала во воздух неколку станбени згради во населбата Шуџаја во градот Газа, северно од енклавата, која се наоѓа во рамките на жолтата зона контролирана од војската.
На југ, очевидци рекоа дека израелската артилерија, исто така, ги погодила источните делови на Кан Јунис надвор од жолтата линија.
Нема дополнителни информации за обемот на материјалната штета.
Според Цивилната одбрана во Газа, двајца Палестинци се убиени, а неколку други повредени во куќа во населбата Ал-Наср во градот Газа синоќа кога експлодирала израелска артилериска граната.
Ријад Мансур, палестинскиот претставник во ОН, вчера пред Советот за безбедност изјави дека израелската Армија убива по две палестински деца дневно откако прекинот на огнот стапи на сила на 10 октомври во Појасот Газа, а бројот на повредени и убиени се искачи на 1.000.
Според Министерството за здравство на Газа, најмалку 342 Палестинци се убиени, а речиси 900 се повредени од израелскиот воен оган откако започна прекинот на огнот.
Од октомври 2023 година, израелската Армија уби речиси 70.000 луѓе во Газа, претежно жени и деца, и повреди повеќе од 170.900 луѓе за време на двегодишната војна што го остави поголемиот дел од енклавата во урнатини.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
