Израелската армија продолжува да го бомбардира Хан Јунис и покрај прекинот на огнот
Неколку лица, меѓу кои деца, се повредени утринава во израелскиот напад врз два шатора на раселени палестински семејства во областа Ал-Маваси во Хан Јунис, соопштија локални извори.
СКОПЈЕ (АА) - Израелската армија продолжува да го бомбардира Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и покрај прекинот на огнот, јавува Анадилу.
Повеќе Палестинци, меѓу кои и деца, се повредени утринава во израелскиот напад врз два шатора на раселени палестински семејства во областа Ал-Маваси во Хан Јунис, соопштија локални извори.
Екипите на брза помош итно се упатија кон местото на настанот за да ги спасат повредените.
Официјалните лица предупредија дека континуираните напади на Израел врз цивили дополнително ја влошуваат хуманитарната ситуација во Газа и покрај прекинот на огнот.
Бројот на убиени Палестинци во нападите на Израел врз Појасот Газа што започнаа синоќа, прекршувајќи го прекинот на огнот, достигна 91.
Медицински извори од болниците во Газа денес за Анадолу изјавија дека израелските напади погодиле домови, шатори во кои се сместени раселените цивили, возило, засолниште и болница во рамките на таканаречената „жолта линија“.
Во нападите се повредени десетици цивили.
Прекинот на огнот официјално стапи на сила на 10 октомври. Првата фаза од договорот вклучува ослободување на израелските заложници во замена за речиси 2.000 палестински затвореници. Планот, исто така, предвидува обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас.
Израел уби повеќе од 68.500 Палестинци, повеќето жени и деца, а повреди над 170.000 во нападите врз Појасот Газа од октомври 2023 година.
