Ahmed Asmar
21 Мај 2024•Ажурирај: 22 Мај 2024
РАМАЛА (АА) - Израелската армија утринава изврши рација во градот Џенин во северниот дел на окупираниот Западен Брег, предизвикувајќи судири со Палестинците, во кои загинаа седуммина од нив, јавува Анадолу.
Очевидци за Анадолу изјавија дека големи сили влегле во градот, проследени со интензивни прелетувања на израелски беспилотни летала.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили во Џенин убиле седуммина Палестинци, деветмина се повредени, а двајца се во тешка состојба.
Тензиите низ Западниот Брег се зголемија откако Израел, по нападот на Хамас на 7 октомври, започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа, каде што загинаа повеќе од 35.500 Палестинци.
Според Министерството за здравство, оттогаш на Западниот Брег загинаа најмалку 510 Палестинци, а околу 5.000 се повредени во израелски оган.