свет

Израелската Армија го разнесе домот на приведен Палестинец на нелегално окупираниот Западен Брег

Инженерските единици на израелската Армија утрово со експлозив го урнале домот на семејството Aл-Хаимуни во јужен Хеброн

Aida Cako  | 06.10.2025 - Обновена : 06.10.2025
Израелската Армија го разнесе домот на приведен Палестинец на нелегално окупираниот Западен Брег

СКОПЈЕ (АА) - Израелската Армија го дигна во воздух домот на приведениот Палестинец Ахмад Рафик ал-Хаимуни во окупираниот град Хеброн на Западниот Брег, јавува Анадолу.

Според извештаите, инженерските единици на израелската Армија утрово со експлозив го урнале домот на семејството Aл-Хаимуни во јужен Хеброн.

Израел го обвинува Ахмад Рафик ал-Хаимуни за учество и финансирање на напад извршен во последните месеци. Беше објавено дека Армијата ги продолжила своите операции во областа по уривањето и презела обемни безбедносни мерки во близина.

Според палестинското Министерство за здравство, најмалку 1.047 Палестинци се убиени, а повеќе од 10.000 се повредени на Западниот Брег од страна на израелските сили и нелегалните доселеници од октомври 2023 година.

Меѓународниот суд на правдата ја прогласи израелската окупација на палестинската територија за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın