свет

Израел ќе дозволи трансфер на катарските фондови во Газа преку ОН

Во јануари, емирот на Катар даде насоки за издвојување финансиски грант од 360 милиони долари за поддршка на Газа, кои треба да бидат исплатени во текот на 2021 година

18.06.2021 - Обновена : 20.06.2021
Израел ќе дозволи трансфер на катарските фондови во Газа преку ОН

КУДС (АА) - Израел откри нов механизам за трансфер на фондовите на Катар во Појасот Газа, објави израелскиот Канал 12, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Механизмот ќе овозможи трансфер на катарските и други фондови во Газа преку Обединетите нации, а не во вреќи, како што тоа беше случај во минатото“, се вели во соопштението.

„Ова ќе биде фактор што ќе доведе до зајакнување на спокојството меѓу палестинските фракции во Газа и Израел“, додаде каналот.

Во Газа, Националниот комитет за обнова игра голема улога во спроведувањето на проекти кои им служат на жителите на Појасот Газа и ги ублажуваат ефектите од опсадата наметната од Израел со години.

Во јануари, емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани, даде насоки за издвојување финансиски грант од 360 милиони долари за поддршка на Газа, кои треба да бидат исплатени во текот на 2021 година.

Во Појасот Газа живеат повеќе од 2 милиони Палестинци кои страдаат од многу лоши економски и животни услови како резултат на израелската блокада од 2006 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.