Övünç Kutlu
17 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во седиштето на ОН во Њујорк вчера беа изложени 22-те фотографии наградени на меѓународниот натпревар „Istanbul Photo Awards 2017“, кој по третпат го организираше Anadolu Agency (AA).
Фотографиите наградени на престижниот натпревар и оваа година им се претставени на љубителите на уметноста, како и на другите посетители.
Спонзори на натпреварот на кој беа наградени 22 фоторепортера од 17 земји се „Turkish Airlines“ (Туркиш ерлајнс) и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

„Она што е важно за АА е овие фотографии да бидат објавени пред пошироката јавност и да бидат уште подостапни. Она што е исто така важно за нас, е преку интервјуата да ѝ ги пренесеме човечките приказни на публиката, а тоа бара добро обучени професионалци“, изјави заменикот генерален директор на АА, Метин Мутаноглу, домаќин на изложбата.
За фотографија на годината на третиот меѓународен натпревар „Istanbul Photo Awards“, меѓу пристигнатите 25.000 фотографии, избрана е „Бегство од ДЕАШ“, која во Ирак за „Paris Match“ (Париз меч) ја направи Французинот Фредерик Лафарг.
Арис Месинс за серијалот фотографии под името „Смрт во Средоземното Море“, кои ги направи за „AFP“ (АФП), е најдобар во категоријата „сериски вести“.

Фотографијата „Под површината“ на Адам Прити, кој ја направи за „Getty Images“ (Гети имиџис), е избрана за најдобра во категоријата „поединечен спорт“, а серијалот фотографии на Патрик Смит, исто така за „Getty Images“, е избран за најдобар во категоријата „тимски спортови“.
Во категоријата „сериски портрети“ победничка е Мери Гелман, за серијата фотографии за жените жртви. „Хранење на сирачиња орангутани“, на Кемал Јуфри, избрана е за најдобра во категоријата „серија природа и околина“, додека фотографијата „Голф терен Папва Севголум“ на Џони Милер, направена за „Millefoto“ (Mилфото) е прогласена за надобра во категорија „поединечна фотографија на природата и околината“.

Наградата за најдобар „млад фоторепортер“ слободен соработник во Газа, на Хосам Салем му ја донесе фотографијата „Уличен тренинг во Газа“.
Изложбата ќе биде отворена до 27 октомври. Работите за „Istanbul Photo Awards 2018“ ќе започнат на 1 ноември, а барањата можат да се испраќаат до 31 јануари наредната година.