Mahmut Atanur
26 Февруари 2020•Ажурирај: 27 Февруари 2020
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди индонезиската покраина Малуку, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Институцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија, епицентарот на овој земјотрес бил на 56 километри северозападно од подрачјето на Тенгара во Западен Малуку.
Во ова соопштение се истакнува дека земјотресот се случил на длабочина од 28 километри.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во земјотресот, а по него не беше даден аларм за цунами.
Меѓу другото, американската Институција за геолошки истражувања соопшти дека јачината на овој земјотрес била 5,9 степени.