свет

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Индонезија

Земјотресот со јачина од 6,3 степени се случил на длабочина од 10 километри.

Mahmut Atanur  | 17.11.2020 - Обновена : 18.11.2020
Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Индонезија

ЏАКАРТА

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди индонезиската покраина Западна Суматра, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Институтот за метеорологија, клима и геофизика на оваа земја.

Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил на отворени води, 109 километри кај подрачјето на Тупејат кое се наоѓа на островите Ментаваи при покраината Западна Суматра.

Во соопштението се вели дека земјотресот со јачина од 6,3 степени се случил на длабочина од 10 километри.

Не се споделени информации дали има жртви или материјална штета во земјотресот.

По овој земјотрес не е даден аларм за цунами.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın