Dilara Karataş
08 Декември 2022•Ажурирај: 09 Декември 2022
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди индонезискиот остров Јава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за геолошки истражувања на САД.
Се истакнува дека земјотресот се случил на 14 километри северозападно од градот Цирањанг во покраината Западна Јава.
Според соопштеното, овој земјотрес со јачина од 5,8 степени се случил на длабочина од 123 километри.
Како што се наведува во соопштението, земјотресот бил почувствуван и во индонезискиот главен град Џакарта, но не се пријавени жртви во случајот.
По земјторесот, не е даден аларм за цунами.
Потсетуваме, на 21 ноември се случи земјотрес со јачина од 5,6 степени на 18 километри југозападно од градот Ciranjang, при што загинаа 331 лице додека околу 600 лица беа повредени.
Како резултат на овој земјторес, оштетени беа над 56.000 куќи, додека околу 74.000 лица беа раселени.