Ahmet Sertan Usul
07 Март 2023•Ажурирај: 08 Март 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди подрачјето на Оникишубат во турската област Кахраманмараш, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД).
Во соопштението објавено на интернет-страницата на АФАД се вели дека земјотресот се случил во 12:40 часот по локално време.
Се додава дека земјотресот со јачина од 4,4 степени се случил на длабочина од 7,52 километри.
Инаку, на 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени погодија 11 турски области - Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.
Над 13 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, и многу луѓе во северозападна Сирија.
Во земјотресите во Туркије животот го загубија над 45.000 лица.