Aynur Şeyma Asan
17 Ноември 2024•Ажурирај: 18 Ноември 2024
АНКАРА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени е измерен на отворено море во близина на брегот на островот Јакушима во јапонската провинција Кагошима, известува Анадолу.
Американскиот геолошки институт објави дека епицентарот на земјотресот бил на 151 километар југоисточно од островот Јакушима.
Земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.
По земјотресот не е дадено предупредување за цунами.