Mustafa Melih Ahıshalı
07 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Во северниот дел на Иран, во покраината Ѓулистан се случи земјотрес со интензитет од 5,1 степен. Во земјотресот повредени се најмалку 10 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за сеизмологиjа при Универзитетот „Техеран“ објави дека епицентарот на земјотресот бил во местото Рамијан во покраината Ѓулистан, во 2:04 часот по локално време.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри.
Според веста што ја објави Иранската студентска информативна агенција (ISNA), во соопштението што го издаде Центарот за контрола и координација на операции за спасување „Црвена полумесечина“ се вели: „Причинета е материјална штета на некои згради во местото Рамијан. Во селото Куручај повредени се 7, а во селото Елхади 3 селани.“
Продолжуваат спасувачките операции во регионот.