Adam Abu-bashal
07 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент се искачи на 1.305.252, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 7.890 случаи на Ковид-19.
Во последните 24 часа починати се 226 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во Африка се искачи на 31.357.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (14.889 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.530) и Алжир (1.556 смртни случаи).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на заразеност со вирусот се откриени во Јужноафриканската Република (638.517), по која следуваат Египет (99.863) и Мароко (72.394).
Во Африка досега излекувани се вкупно 1.040.454 лица кои биле заразени со коронавирусот.