Davit Kachkachishvili
20 Јануари 2023•Ажурирај: 21 Јануари 2023
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека се работи на зајакнување на украинската војска во регионот на Донбас, каде што се водат најжестоките судири против руските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Истакна дека најинтензивните судири се во регионот на Доњецк.
„Преземаме соодветни чекори за зајакнување на нашите трупи во судирите во Донбас“, нагласи Зеленски.
Напоменувајќи дека на украинската војска ѝ се потребни модерни тенкови за поефикасно да се бори против руската војска на фронтот, Зеленски наведе дека продолжуваат со интензивните разговори со државите од Европската Унија (ЕУ) на оваа тема.
Потсетувајќи дека во Киев се сретнал и со претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, Зеленски рече дека тие разговарале и за процесот на интеграција на Украина во ЕУ.
Најави дека на почетокот на февруари ќе се одржи Самитот Украина - ЕУ. Зеленски рече дека на Самитот ќе се разговара и за прашања кои можат да го забрзаат процесот на членство на неговата земја во Европската Унија.
„Се подготвуваме и за почеток на преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија. Постојат сите предуслови преговорите да започнат оваа година“, рече Зеленски.
Наведе дека по средбата со Мишел, во Киев се сретнал и со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Маријано Гроси.
Како што истакна, претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија ќе бидат испратени во нуклеарните централи во Украина.