Bahtiyar Abdülkerimov
08 Јуни 2022•Ажурирај: 08 Јуни 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц побара Германија да ја зголеми одбранбената поддршка за Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски во објава на својот профил на Твитер истакна дека имал телефонски разговор со Шолц.
„Разговаравме за прашањата за зајакнување на одбранбената поддршка за Украина, обезбедување глобална безбедност на храната и усогласеноста на Русија со меѓународните стандарди за воените заробеници. Обрнав внимание на важноста да се донесе одлука за интеграција на Украина во ЕУ“, наведе Зеленски во врска со содржината на телефонскиот разговор.