Yusuf Hatip
29 Мај 2019•Ажурирај: 30 Мај 2019
БРИСЕЛ
Со синоќешната заедничка вечера на лидерите на земјите на ЕУ, во рамките на еден неформален самит, беа анализирани резултатите од изборите за ЕП, со што започнаа преговорите за избор на нови претседатели во институциите на Европската Унија (ЕУ), кои се очекува да бидат долг процес, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот во Брисел, прес-конференција одржа Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, кој соопшти дека излезноста на изборите за ЕП е највисока во последните 25 години, изразувајќи го своето задоволство во врска со тоа.
Туск истакна дека според резултатите, оние кои гласале на изборите за ЕП, направиле избор за кој сметаат дека подобро ќе ги претставува, проценувајќи дека новиот состав на Парламентот, врз основа на националната чувствителност подобро ќе ги одразува разликите.
Туск потсети дека за избор на новиот претседател на Европскиот парламент, потребно е ЕП и Советот на ЕУ да го одобрат тоа. Тој изјави дека во периодот што следува, членовите на ЕП и претставниците на земјите членки во Советот на ЕУ ќе го започнат процесот на консултации околу одредувањето на претседателите во институциите на ЕУ.
„На состанокот разговаравме само за процесот, имињата на претседателите не беа на дневен ред“, рече Туск.
Од друга страна, Туск подвлече дека една од главните причини поради која гласачите своите гласови им ги дале на проевропските партии е Брегзит.