Ali Cura
29 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
КИЕВ
Започна размената на затвореници помеѓу сепаратистите на истокот на Украина и администрацијата на Киев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Украина објавено на социјалните мрежи се истакнува дека започнало ослободувањето на затворениците во контролниот пункт „Мајорск“ во регионот Донецк.
Украинскиот народен правобранител, Људмила Денисова, истакна дека во текот на денот од сепаратистите ќе бидат земени 80 украински затвореници и дека таа бројка може да биде променета.
Локалните извори велат дека исто така и украинската страна ќе ослободи околу 80 сепаратистички затвореници.
Лидерите на Нормандската четворка (Германија, Франција, Русија и Украина) на 9 декември се состанаа во Париз, главниот град на Франција, по три години, со цел да се најде решение за украинската криза.
На прес-конференцијата по самитот, украинскиот претседател, Владимир Зеленски, рече дека на состанокот е разговарано за прашањето за размена на затвореници помеѓу Украина и Русија и дека размената ќе биде реализирана до крајот на месецот.
По настаните во Украина во главниот град, Киев, во 2014 година, проруските сепаратисти на истокот на земјата ја прогласија таканаречената независна администрација.