Kerem Kocalar
20 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
КИЛИС (АА) - Дел од трупите поврзани со Слободната сириска армија почнаа да влегуваат во местата окупирани од страна на ПЈД/ПКК во Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
По артилериските погодоци на елементите на Турските вооружени сили (ТСК) врз претходно утврените терористички позиции, припадниците на Слободната сириска армија кои се распоредени во различни места во Сирија, се движат на граничната линија Килис-Хатај со нвните оклопни возила, и од неколку точки влегоа во Африн.
Трупите на Слободната сириска армија досега не се соочија со било каков отпор. Исто така, помеѓу Рејханли и Киркхан, недалеку од турскиот град Хатај, на границата со Сирија, се слушнаа звуци на борбени авиони.