Tevfik Durul
31 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
АТИНА
Во многу градови на Грција, вклучувајќи го и главниот град Атина, како и градот Солун, од вторник, во период од еден месец ќе се воведе ноќен полициски час поради брзиот пораст на случаите на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави нови мерки во рамките на акцискиот план за борба против епидемијата во земјата, што ќе важи еден месец, со почеток од 3 ноември.
Напомена дека во тој контекст ќе се примени обврската за носење маски на сите јавни места во градовите што се во првата категорија на ризични подрачја.
Како што рече, сите универзитети ќе ги одржуваат предавањата од далечина, а ќе се имплементира и работа од дома каде што тоа е изводливо.
На некои подрачја, од вторник ќе се воведе ноќен полициски час.
Вчера е објавено дека пополнетоста на одделите за интензивна нега во болниците во Атина и Солун надминала 60 отсто.
Во земјата во која вкупната бројка на случаи се зголеми на 37.196, досега од Ковид-19 починаа 620 луѓе.