Adem Şalvarcıoğlu
15 Април 2018•Ажурирај: 16 Април 2018
ПЕКИНГ (АА) - Член на екипажот на патничкиот авион на „Air China“ (Ер Кина) беше земен во заложништво, а авионот беше принуден да слета на аеродромот во Џенгџоу, наместо во Пекинг, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Управата за цивилно воздухопловство на Кина (CAAC) соопштија дека патник на авион кој летал на релацијата Чангша-Пекинг за заложник зел член на екипажот, поради што авионот е пренасочен кон друг аеродром.
Во соопштението се вели дека патник од бизнис класата, користејќи молив заробил член на екипажот и побарал промена на рутата.
Авионот слета на аеродромот во Џенгџоу, а патниците се безбедно евакуирани.
Полицијата го приведе осомниченото лице.