Ali Cura
16 Јуни 2017•Ажурирај: 17 Јуни 2017
КИЕВ (АА) - Во судирите меѓу украинската војска и проруските сепаратисти, коишто започнаа во април 2014 година во источниот дел на Украина, загинаа повеќе од 10.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Одделот за борба против тероризмот во Министерството за одбрана на Украина, Андреј Лисенко, потврди дека во тек се акции на украинската војска против проруските сепаратисти.
Според неговите зборови, во последните 24 часа загина еден украински војник. Лисенко истакна дека од почетокот на судирите загинале 2.696 војници, а ранети се речиси 10.000.
Во извештајот на Високиот комесаријат на ОН за човекови права се наведува дека за време на судирите загинале 10.090 лица, меѓу кои има војници, цивили и проруски сепаратисти. Исто така, во извештајот се наведува дека се ранети речиси 24.000 лица.
Поради судирот од земјата побегнаа повеќе од 100.000 лица.