Ekip
03 Јануари 2022•Ажурирај: 04 Јануари 2022
БРИСЕЛ
Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, оваа недела ќе престојува во тридневната посета на Украина за да ја искаже поддршката за Киев во соочувањето со руската закана, објави европската комисија денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Високиот претставник и заменик-претседател Жозеп Борел ќе отпатува во Украина од 4 до 6 јануари“, се вели во соопштението на извршното тело на ЕУ.
„Неговото прво патување во странство ја нагласува силната поддршка на ЕУ кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во време кога земјата е соочена со руското воено засилување и хибридни дејства“, се вели во соопштението.
За време на патувањето, Борел најпрво ќе ја посети источна Украина, ќе се сретне со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и ќе разговара со украинските власти во Киев.
Највисоките претставници на ЕУ постојано ја искажуваат поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во изминатите месеци, наведувајќи дека нападот врз Украина ќе резултира со висока политичка и економска цена за Русија.
Во декември, Борел им рече на пратениците на ЕУ дека дипломатската служба на Блокот работи во „превентивно расположение“ за да се избегне ескалација на конфликт, но подготви различни сценарија за дејствијата на Русија против Украина.
Во 2014 година, Москва почна да ги поддржува сепаратистичките сили во источна Украина против централната Влада, политика што ја одржуваше во изминатите седум години.
По втор пат во 2021 година, Москва концентрираше значителни воени трупи во и околу Украина во ноември.
ЕУ применува рестриктивни мерки како одговор на украинската криза од 2014 година.