Selen Temizer
07 Април 2022•Ажурирај: 09 Април 2022
БРИСЕЛ (АА) - Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика, Жозеп Борел, истакна дека министрите за надворешни работи на ЕУ следната недела ќе разговараат за прашањето дали во санкциите ќе биде вклучено и ембаргото на руската нафта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Борел даде изјава пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.
Наведувајќи дека во наредните денови ќе ја посети Украина, Борел рече: „Она што ѝ треба на Украина е помалку аплауз и повеќе оружје.“
Истакнувајќи дека очекува ЕУ денеска да го одобри најновиот пакет санкции, Борел додаде дека прашањето за ембаргото за нафта ќе биде разгледано на состанокот на министрите за надворешни работи на 11 април.
ЕУ претходниот ден најави дека ќе воведе забрана за купување јаглен од Русија чија вредност годишно изнесува 4 милијарди евра.