Şerife Çetin
25 Ноември 2018•Ажурирај: 26 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) остро се противи на израелската политика за населување, а во врска со последната одлука на Високиот суд на Израел кој се однесува на раселувањето на 700 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата на комесарката за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, објавено е соопштение во кое се вели дека минатата недела се урнати 20 палестински дуќани во бегалскиот камп „Суафат“ и упатено е предупредување дека со последната одлука на израелскиот суд за квартот Силван, ќе бидат раселени 700 Палестинци.
„ЕУ остро се противи на израелската политика за населување која се коси со меѓународното право“, порача ЕУ.
Во соопштението Израел е повикан уште еднаш да ги разгледа чекорите на својата политика за населување, во која е вклучено и раселување на Палестинците и уривање на објекти. Се истакнува дека особено активностите што се преземаат во Ерусалим, го доведуваат во опасност дводржавното решение.
Високиот суд во Израел ја потврди одлуката со која се бара напуштање на 70 куќи во квартот Силван, сместен во окупираниот Источен Ерусалим. Во куќите живеат околу 700 Палестинци, а Израел тврди дека куќите се изградени на земјиште кое е сопственост на јеменските Евреи.