Selen Temizer,Ata Ufuk Şeker
28 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
БРИСЕЛ (АА) - Високиот комесар на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека Унијата ѝ испраќа на Украина помош во оружје и воена опрема во вредност од 500 милиони евра и дека членките ќе испратат борбени авиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министрите за надворешни работи на ЕУ го одржаа четвртиот итен состанок за ситуацијата во Украина, а високиот комесар Борел по седницата изјави дека ЕУ испраќа 450 милиони евра оружје и заштитна опрема за Украина во вредност од 50 милиони евра.
Нагласувајќи дека ова е првпат ЕУ да испраќа ваков вид помош, Борел рече дека многу членки испратиле многу значајна помош за Украина.
Тој, исто така, нагласи дека пакетот помош ќе биде финансиран од Европскиот мировен фонд и Меѓувладиниот фонд.
На прашањето дали новиот пакет помош од ЕУ за Украина може да вклучи и испраќање борбени авиони, Борел рече дека претставници на ЕУ разговарале со украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба за потребите на украинската армија и дека постојат земји членки кои исто така може да испратат авиони. Тој додаде дека Западот сè уште е отворен за Украина.
„Отстрануваме некои руски банки од СВИФТ. Ќе спроведеме рестриктивни мерки кои ќе ги парализираат средствата на руската централна банка. Оваа мерка ќе замрзне половина од резервите на Централната банка“, рече Борел.
Додавајќи дека споменатите резерви се во земјите од Г7, Борел рече дека тоа ќе има многу негативно влијание врз рускиот финансиски систем.
Борел изјави дека некои луѓе кои го поддржуваат режимот во Русија ќе бидат ставени на листата на санкции.
Тој посочи дека во Брисел напорно работеле за време на викендот и дека целта им е да ги спроведат споменатите одлуки пред почетокот на првиот работен ден од неделата.