Hasan Esen
27 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) го казни „Google“ со парична казна во висина од 2,42 милијарди евра поради злоупотребата на својата доминантна позиција во интернет пребарувањата, давајќи му период од 90 дена да го смени начинот на работа, јавува Anadolu Agency (AA).
Маргарет Вестагер, еврокомесар за конкуренција на Европската комисија соопшти дека американската компанија ги прекршува правилата за конкуренција според стратегијата за шопинг услуги, истакнувајќи: „'Google' во рeзултатите на пребарувањето дава свои препораки и ја намалува видливоста на своите конкуренти. На тој начин, тој како еден интернет пребарувач ја злоупотребува својата пазарна доминација”.
Сериозноста на донесената одлука за злоупотребата од страна на „Google“ може да се увиди и од висината на рекордната казна која изнесува 2,42 милијарди евра. Истовремено, од овој интернет пребарувач се бара на полето на трговските услуги, на своите конкуренти да им овозможи „подеднаков третман”. „Google“ треба во период од 60 дена да ја извести Европската комисија како планира да го измени начинот на работа, а за време од 90 дена да го спроведе претставениот план. Доколку „Google“ не го спроведе зададеното, тогаш овој технолошки гигант дневно ќе добива парична казна во висина од 12,5 милиони евра.
„Google“ има право да поднесе жалба во период од 2 месеци.